Џејмс Милнер денеска испиша историја, стана првиот фудбалер кој настапил во 23 различни сезони од англиската Премиер лига.
Ветеранот Милнер кој има 39 години, е најстар играч кој настапил за Брајтон, а со 23 сезони во англиското првенство, го надмина Рајан Гигс кој играше 22 сезони. Две децении или повеќе во Премиер лигата имаат играно само уште Герет Бери, Рио Фердинанд и Франк Лампард.