Го најавуваа како новиот Меси, а тој одлучи да се пензионира на 32-годишна возраст

Бојан Кркиќ за утре во Барселона закажа прес-конференција на која ќе го објави своето повлекување од активното играње фудбал.

Кркиќ има само 32 години, а пред 15-тина години, кога заигра за првиот тим на Барса, го најавуваа како мегаталент, нов Лионел Меси, но ништо од тоа.

На Кркиќ не му беше пишано да стане голема ѕвезда, се покажа како погрешен и изборот да игра за шпанската репрезентација, а не за српската. За Црвената фурија одигра само 25 минути на официјален меч, Србите долго жалеа што не ги одбра нив.

Како играч на Барселона, Бојан освои три титули во шпанската лига и две во Лигата на шампионите.

Последен клуб на Кркиќ му беше јапонскиот Висел Кобе. Нападите на анксиозност кои ги има, го натераа да ја заврши кариерата како активен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести