Го налути Ѓоковиќ, но признава: Новак е најдобар од големата тројка

Британскиот тенисер Камерон Нори смета дека Новак Ѓоковиќ е подобар тенисер од Рожер Федерер и Рафаел Надал.

„Ѓоковиќ е најдобар од големата тројка. Против Новак го одиграв најтешкиот меч во кариерата. Играв и против Федерер на Вимблдон пред две години, имав доста шанси, но играта на Новак е нешто сосема друго“, вели Нори.

Овие двајца тенисери играа меѓу себе пред неколку дена на завршниот турнир од Дејвис Купот кој се играше во Малага, Шпанија и на кој Ѓоковиќ славеше со 2-0 во сетови, а на мастерсот во Рим, Новак му се налути на Нори бидејќи намерно го гаѓаше во телото.

- Оглас -

Најнови вести