Го направи најглупавиот пенал, па го одбрани (Видео)

Голманот на Словенија Вид Белец го замени стандардниот чувар на мрежата Јан Облак на дуелот со Гибралтар и во 16. минута направи прекршок за пенал што ретко се гледа на фудбалските терени.

Чуварот на мрежата на Салернитана ја имаше топката в раце и го оттурна напаѓачот на Гибралтар, Дин Торилја, притоа и го удри в лице, па беше досуден пенал за гостите.

Сепак Белец покажа дека е одличен голман и успеа да го одбрани ударот на Кенет Чиполина, па остана предноста на Словенија од 1:0 во тој момент.

Vid Belec (Slovenia) penalty save vs. Gibraltar (16′) from soccer

Потоа следеше вистинска канонада од голови во мрежата на Гибралтар и Словенија на 15-на минути пред крајот на пријателскиот меч води со 6:0.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести