Поранешниот германски репрезентативец Јенс Леман е разрешен од должноста во надзорниот одбор на Херта поради расизам.
Еден од најдобрите светски голмани во неговата генерација влета во конфликт со Денис Аого, исто така познат поранешен фудбалер и германски репрезентативец со 12 настапи за „Елфот“.
Леман не можел да се воздржи, па имало навреди на расна основа, по што веднаш бил разрешен од должноста во Херта.
Голманот се обиде да се извини со порака на социјалните мрежи, но сепак доби отказ од функцијата што пред една година ја наследи од Јирген Клинсман во Херта.
Леман имаше впечатлива кариера и бранеше за Шалке 04, потоа и за Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, а за репрезентацијата на Германија има 61 настап.