Италија резервира билет за кошаркарскиот турнир на ОИ во Токио откако приреди шок во Белград и ја надигра Србија со 102:95. Аѕурите ќе играат на планетарниот спортски собир првпат од 2004 година кога во Атина беа сребрени.
За Србите ова е шок бидејќи планираа да бидат меѓу четирите репрезентации во групата Б заедно со Австралија, Германија и Нигерија, но без Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во НБА за оваа сезона, Орлите останаа со празни раце.
https://twitter.com/FIBA/status/1411757168915890176
Италија од самиот почеток покажа дека повеќе ја посакува победата освојувајќи го воведниот период со 28:22, а веќе на паузата водеше со двоцифрени 12 поени. Доцна се разбудија Србите, ги загубија сите три четвртини и немаа сили за пресврт, па се потрудија да го ублажат поразот кој можеше да биде и со 25 разлика.
Полонара со дабл-дабл од 22 поени и 11 скока ги предводеше Италијанците, со 24 Мењон беше најефикасен, додека Анѓушиќ со 27 поени се истакна кај домаќинот на турнирот, меѓутоа недостасуваа поените, пред сè на Мициќ и останатите ѕвезди на европскиот вицепрвак.
https://twitter.com/FIBA/status/1411771556850712578