Го нокаутираше противникот, а судијата не досуди ниту фаул (Видео)

Екипата на Барнли е водечка во Чемпионшип во Англија и со големи амбиции од следната сезона да игра во Премиер лигата. Тимот предводен од легендата на Манчестер сити, Винсент Компани, на 10 кола до крајот од првенството има 13 бодови повеќе од второпласираниот Шефилд јунајтед, кој вчера киксираше на домашен терен и загуби со 0:1 од Лутон.

Овој меч во Шефилд го одбележа неспортскиот потег на искусниот 35-годишен играч на домаќините, Били Шарп, кој во една акција, неспортски со лакт го удри противникот директно во главата.

Ниту еден од судиите не го видоа овој неспортски потег на Шарп, па воопшто не беше досуден ниту фаул. Доколку беше фаул, сигурно Шарп ќе добиеше и црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести