Го нокаутираше ривалот, па се молеше за него (Видео)

Еден од најбруталните и најатрактивни нокаути годинава е виден на борба во малку познатата бразилска организација Фјучр ММА 9 на приредбата Џангл фајт 86.

Жонас „Брзиот“ Биљарињо со „летечко колено“ го нокаутираше Жуниор Дуарте. Дуарте се најде на подот, а за него се загрижи и противникот, кој прекина со славењето на победата, се фрли на колена и почна да се моли сè да биде во ред со Дуарте. Молитвите на Биљарињо, кој им се врати на борбите по три и полгодишна пауза, вродија со плод, Дуарте брзо се исправи на нозе.

- Оглас -

Најнови вести