Го нокаутира судијата, сега доби долгогодишна затворска казна (Видео)

Некогашниот претседател на Анкарагучу, Фарук Коча, доби жестока казна по бруталниот напад врз судијата Халил Умет Мелер во турската Суперлига, на меч кој се играше во декември минатата година.

Како што јавува државната агенција Анадолу, судот го осудил некогашниот претседател на Анкарагучу на затворска казна од три години и седум месеци поради намерно нанесување телесни повреди. Коча доби и дополнителни шест месеци затворска казна поради закани и дополнителни пет месеци условна казна.

Затворска казна добија уште тројца кои биле вмешани во инцидентот кој се случи пред помалку од една година. По завршување на мечот меѓу Анкарагучу и Ризеспор, брутално го нокаутира познатиот турски судија во лицето и буквално го патосира на тревата. Потоа се вмешуваат уште неколку луѓе кои продолжуваат да го удираат беспомошниот судија со клоци во лицето.

Турскиот сојуз тогаш на Коча му изрече доживотна суспензија за работа во турскиот фудбал, а сега заработи и жестока затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести