Го носи прекарот „Дон“ и донесе необична одлука, во Мајнц безгранично му веруваат

Кристијан Хејдел е многу влијателен во таборот на бундеслигашот Мајнц, а спортскиот директот со колоритен прекар „Дон“ како што го нарекуваат навивачите донесе необична одлука.

Мајнц како што најави Хејдел веќе нема да ангажира невакцинирани фудбалери додека трае пандемијата со Ковид-19, а објави дека сите играчи што моментно се членови на клубот се вакцинирани.

„Одлучивме тоа да ни биде клупкска политика додека трае пандемијата. Во Мајнц 100-процентно е спроведена вакцинацијата и сите фудбалери доброволно се вакцинираа, а донесовме одлука да не ангажираме фудбалери во наредниот период што не се вакцинирани„ изјави Хејдел.

Навивачите на Мајнц многу го почитуваат, откако лани го спаси клубот од испаѓање, а сега благодарение на неговата добра политика како спортски директор Мајнц се наоѓа на седмото место и е блиску до зоната за настап во еврокуповите.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести