Го одведе дрим-тимот до четврто олимписко злато во низа, а дома го чека богатство

Кевин Дурант беше главниот актер во кошаркарското финале во Токио во кое САД по четврти пат во низа го освои златниот олимписки медал.

Првата ѕвезда на дрим-тимот брилјираше со 29 поени против Франција, од кои 21 ги постигна во првото полувреме, а за пола кош ќе го изедначеше личниот и олимписки рекорд за учинок на еден кошаркар во финален меч на едни Игри. Дурант во 2012 во Лондон и 2016 година во Рио постигнуваше по 30 поени во мечевите за златниот медал.

За овој успех ќе биде награден со богатство од Бруклин нетс. Имено, пред финалето против Франција, Дурант се согласил да ја обнови соработката со Мрежичките на четири дополнителни години, за што ќе добие 198 милиони долари.

Така 32-годишниот Дурант до својата 36-та година ќе биде лидер на франшизата од предградието на Њујорк, во обид да им донесе титула, за што всушност беше ангажиран пред две лета, а воедно Бруклин изгради дрим-тим со Харден и Ирвинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести