Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами денеска успеа во својата импресивна колекција на медали, да додаде и олимписко злато. Во дисциплината Супервелеслалом во која Гут-Бехрами е и светска шампионка, сега го озвои златото и на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Лара која е сопруга на фудбалерот Валон Бехрами, имаше најдобро време по двете трки. За Швајцарката ова е трето олимписки одличје, но прво златно, по двете бронзи кои ги има од претходните натпреварувања.
„Бев понапната пред целната линија отколку на стартот. Не може така лесно да се заборави тоа што ми се случи во Сочи и Пјонгчанг. Не бев убедена дека скијам најдобро што знам, но на крајот не можеше да се заврши подобро по поминатата година со многу повреди“, рече Гут-Бехрами.
Enfin !!! Lara Gut-Behrami championne olympique !! ⛷🇨🇭🥇👏🏻👏🏻🥳🥳🥳🥳 Médaille de bronze pour Michelle Gisin 🥉👏🏻👏🏻🥳🥳🥳 #BeijingOlympics #Beijing2022WinterOlympics #skialpin #superG @swissteam @swissskiteam pic.twitter.com/Q3JuPQegZu
— Catherine Maudry (@Swiss_Cathy) February 11, 2022
Пред шест години, Лара Гут беше победничка во Светскиот куп, а една година подоцна ги скина вкрстените лигаменти на коленото. Додека се рехабилитираше од оваа повреда, го запозна фудбалерот Валон.
Лара Гут-Бехрами има дури осум медали на светските првенства.