26.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Го освои ЕП и беше најдобар стрелец во Ла Лига, а сега ќе игра во седмата шпанска лига

Веројатно малкумина се сеќаваат на Дани Гуиса, напаѓачот на шпанската репрезентација од Европското првенство во 2008 година. Тој пред 17 години двапати погоди на патот на Фуријата до европската титула, но и денес, на 45-годишна возраст сè уште е активен на фудбалските терени.

Вистинско изненадување беше кога Гуиса како фудбалер на Мајорка во сезоната 2007/08 постигна 27 гола и стана најдобар стрелец во Ла Лига, па заслужено беше повикан и за репрезентацијата, за која одигра 21 меч со ефект од шест гола.

Гуиса денес официјално беше претставен како нов фудбалер на Рајо Санлукено, клуб кој се натпреварува во седмата лига на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести