18.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Го освои Конте со само седум настапи

Доволно беа само седум натпревари за Ешли Јанг да го убеди тренерот Конте дека му е потребен. Интер ја активира опцијата за да го задржи искусниот Англичанец на уште една година.

Јанг во зимскиот преоден рок ја реализира преселбата од Манчестер јунајтед на „Џузепе Меаца“ само за 1,5 милиони евра при шестмесечен договор, со опција тој да се продолжи на уште една сезона. За брзо време Јанг се адаптира на новата средина и на филозофијата на италијанскиот стратег, па затоа ќе ги брани боите на Нераѕурите до летото 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести