Шампионката на САД опен, Наоми Осака, предизвика многу коментари од своите фанови со објавување на провокативна фотографија на која таа седи крај еден базен, на која случајно или не, во преден план е нејзината позадина.
Оваа 22-годишна егзотична Јапонка се опушти после триумфот во Њујорк, нема да игра на „Ролан Гарос“, и додека се сончаше, фати вистински агол за сликање и за многумина, ова е чиста провокација. Некои му завидуваат на нејзиното момче, раперот Кордае, кој беше означен на сликата на Инстаграм, и ништо чудно тој да е фотографот кој ја направи оваа слика.