Женската фудбалска репрезентација на Шпанија неодамна го освои Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд откако во финалето ја совлада Англија со 1-0.
Селекторот Хорхе Вилда тогаш беше херој на нацијата, но сега доби отказ од репрезентацијата. Отказот му го врачи новиот, привремен, УО на Шпанската фудбалска федерација, кој го води Сојузот додека претседателот Рубијалес е суспендиран.
Во краткото соопштение не се откриваат причините за отказот, туку само кусо се вели: „Тренерот беше клучен за неверојатниот развој на женскиот фудбал и си заминува како светски шампион со Шпанија и втор на ранг-листата на ФИФА.“
За нов селектор на репрезентацијата на Шпанија е назначена Монтсерат Томе, која на Светското првенство му беше асистент на Вилда. Таа ќе биде првата жена селектор на репрезентацијата на Шпанија.