Македонија ЃП со 3-1 славеше над Работнички во меч од 21-вото коло на Првата македонска фудбалска лига, но третиот гол на „лавовите“ во 57-мата минута стана вирален на социјалните мрежи.
Фабрис Ондоа дојде како големо засилување за „романтичарите“ во битката за опстанок во Првата лига. Камерунскиот голман има преку 50 настапи за репрезентацијата, а го освои и Африканскиот куп на нации. Сепак, во 57-мата минута од мечот во Ѓорче Петров се посрамоти за сите пари.
Тој успеа да ја промаши топката и да го прими најкомичниот гол во историјата на Првата македонска фудбалска лига, па сега му се смее цел свет.

