20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Го платија 120 милиони евра а Лукаку имаше срамотна статистика против Кристал Палас (ФОТО)

Челзи го победи Кристал Палас на гостински терен со 1:0, а победата ја донесе Хаким Зијеч со гол во 89-та минута.

Ромелу Лукаку го одигра целиот натпревар, а педантните статистичари од Англија извадија неверојатен, односно поразителен податок за Белгијанецот.

Тој во текот на првите 45 минути само два пати ја допрел топката, од кој првиот пат бил кога ја извел од центарот по стартниот свиреж на судијата. Навивачите на Челзи полека го губат трпението со Лукаку кој и со изјавите и со играта тотално потфрли откако дојде од Интер.

- Оглас -

Најнови вести