Англискиот репрезентативец Џек Грилиш се очекува на крајот од сезоната да си замине од тимот на Манчестер сити. Грилиш дојде меѓу Грашаните во 2021 година и тоа за рекорден трансфер од 120 милиони евра од Астон вила. Четири години подоцна, очигледно е дојдено времето за разделба.
Играчот за врска сезонава не се наигра во дресот на Сити, па најголем дел од мечевите беше или на клупата или влегуваше како резерва во вториот дел. Јасно е дека Грилиш е далеку од формата во која играше, па токму затоа тој е еден од оние играчи на кои Пеп Гвардиола им соопштил дека нема да смета на неговите услуги за следната сезона.
Иако имаше шпекулации дека Грилиш ќе замине во Саудиска Арабија, сепак, поверојатно е да остане во Премиер лигата. Три англиски клубови се интересираат за доведување на Грилиш и тоа, Њукасл, Тотенхем, а постои опција и да се врати во Астон вила. Секако дека токму тимот од Бирмингем е во предност затоа што Грилиш точно знае како е да се игра за Астон вила, но останува летниот период да покаже што ќе се случува со кариерата на англискиот репрезентативец.
🚨 Aston Villa, Newcastle and Tottenham are all exploring moves to sign Jack Grealish from Man City.
(Source: Fichajes) pic.twitter.com/Ttv8HCWlao
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 19, 2025