Го платија 15 милиони фунти, за 15 минути задоцни да си замине и сега „дреме“ на клупа

Фудбалскиот леб понекогаш знае да биде и горчлив, а тоа го покажува и примерот на францускиот интернационалец Морган Сансон во Астон вила.

Во јануари 2021 година клубот од Бирмингам го купи како големо засилување од Марсеј и плати 14 милиони фунти и се обврза дека ќе доплати и бонуси од над еден милион фунти.

Играчот за врска оттогаш одигра само 19 натпревари за премиерлигашот, а сезонава нема настап и ниту една минута не беше на терен во Англија.

Во летниот преоден рок 28-годишниот француски фудбалер имаше договорен трансфер со Еспањол за да се пресели во Ла Лига во Шпанија, но поради банален проблем, договорот пропадна.

Астон вила задоцни во финишот на преодниот рок за 15 минути да ги испрати документите во Барселона и трансферот на Морган пропадна.

Сега стрпливо чека шанса од клупата за резерви, а честопати на почетокот на сезонава не беше ниту во составот на Астон вила.

 

- Оглас -

Најнови вести