Ливерпул синоќа загуби кај Брентфорд со 3:1 откако домаќините уште на полувремето имаа предност од 2:0. Ситуацијата можеше да биде многу поинаква доколку Дарвин Нуњес во седмата минута при резултат 0:0 успееше да постигне гол.
Уругвајскиот напаѓач го заобиколи противничкиот голман, пред него беше празниот гол, но додека се намести да шутира, еден играч на Брентфорд успеа да стигне пред голот, а Нуњес од целиот празен гол, шутираше директно во противникот и шансата за погодок остана нереализирана.
https://twitter.com/i/status/1610018210862043138
Сезонава ваквите промашувања на Нуњес станаа нешто нормално, па веќе е направена и компилација на најголемите утки на Уругваецот кој летоска за сума од 80 милиони евра од Бенфика се пресели во Ливерпул. Во Премиер лигата сезонава Нуњес имал 19 зицер-позиции за погодок, а промашил дури 15 пати. На Мундијалот во Катар упати 15 шута и не даде ниту еден гол.