Ја победи смртоносната болест, а денеска освои злато на ЗОИ во Пекинг

Само пред три години, Макс Паро беше во болница и ја водеше најважната битка, битката за живот. На Паро му беше дијагностициран рак и мораше да се фокусира на здравјето, а не на спортот. Сето тоа се случувало само неколку месеци по завршувањето на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг, на кои Паро освои сребрен медал.

На Паро морале да му бидат дадени 12 хемотерапии во период од шест месеци. На крајот успеа да ја победи опасната болест.

„Бев здрав. Имав само 24 години и бев спортист, но сепак добив рак. Тоа е доказ дека може да му се случи секому. Но, на ракот воопшто не му дадов шанса. Секој ден грчевито се борев за да го победам“, вели Паро.

Сноубордистот денеска не само што е целосно здрав, туку успеа да стане олимписки првак.

„Точно пред три години лежев во болница и воопшто немав енергија, ги загубив и мускулите. Тоа беа најтешки моменти во мојот живот. Сепак, успеав и сега, три години подоцна јас сум тука, на Олимписките игри“, вели канадскиот сноубордист, кој ќе се натпреварува и во „big air“, па ќе атакува и на второ злато на ЗОИ.

 

- Оглас -

Најнови вести