Холандскиот фудбалер Ралф Сунтјенс имаше незаборавна авантура на стадионот на НАК Бреда и навивачите му приредија спектакуларно добредојде, откако 33-годишниот нивни миленик го победи ракот.
Сунтјенс имаше рак на лимфните патишта и успеа да се извлече во тешката битка за живот, а симпатизерите на холандскиот второлигаш го поздравија со прекрасна атмосфера.
Prachtig onthaal voor Ralf Seuntjens in Breda ❤️#NACGRA pic.twitter.com/r0FQQ8UGPR
— ESPN NL (@ESPNnl) February 10, 2023
„За вакви моменти вреди да се живее. Ова ме влече пак да играм фудбал, иако не сум сигурен. Сигурно е дека ќе се обидам да се вратам на фудбалските терени, но не ветувам“, изјави 33-годишниот напаѓач, по победата на неговиот тим од 2:0 против Де Графшап.