-6.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Го победија Хајдук, патуваа 700 километри, па тренираа во шест часот наутро (Видео)

Екипата на Осијек изненадувачки го победи Хајдук на преполниот “Пољуд“ во Сплит со 0-2 и не му дозволи да се искачи на врвот во првенството на Хрватска. Фудбалерите веднаш после натпреварот со автобус се упатија на северот на Хрватска, во Осијек и таму пристигнаа околу шест часот утринава. На големо изненадување на сите, веднаш одржаа тренинг на нивниот стадион, па дури потоа се упатија кон своите домови.

Натпреварот помеѓу Хајдук и Осијек се играше синоќа во 18 часот и заврши некаде околу 20 часот. Според мапата на Гугл, Осијек е оддалечен околу 700 километри од Сплит, односно точно 688 километри и доколку патувате без пауза за тоа ќе ви бидат потребни шест часа и 20 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести