Фудбалерите на Мачва многу се израдуваа после победата од 1-0 против Јавор, ја прекинаа серијата од 12 меча без победа, за тимот од Шабац ова е втора суперлигашка победа сезонава, а триумфот со голот на Колумбиецот Ортис, го прославија пеејќи песна со интересен текст.
„Убаво е да се живее во Шабац и да се биде Шанер, да се навива за Мачва, каде и да игра, таа е најдобра, како да е Реал или Барселона“ – пееја играчите на Мачва.
Клубот има големи финансиски проблеми, сметката е блокирана, на играчите им се должат дури пет плати, не се знаеше дали ќе играат против Јавор, а тие не само што играа, туку и победија. Атмосферата во соблекувалната на Мачва може да ја видите тука.