Го победуваше на сите подлоги, освен на трева – Ѓоковиќ ќе мора да внимава на опасниот Шаповалов (Видео)

Денис Шаповалов го доби драматичното четвртфинале против Карен Качанов со 3:2 откако успеа да направи пресврт и сега ќе го предизвика апсолутниот фаворит за титулата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ.

Канаѓанецот губеше со 1:2 во сетови, но успеа да го победи Качанов со 6:4, 3:6, 5:7, 6:1, 6:4 и за првпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Вимблдон.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1412798886691889156?s=20

Денеска сервираше 17 аса, а повторно го имаше најсилното оружје, моќниот форхенд, што ќе биде закана и за Ѓоковиќ. Интересно е што Шаповалов губеше од Новак на сите подлоги, освен на трева.

Ѓоковиќ има одличен скор од 6:1 во меѓусебните дуели со канадскиот тенисер, но го загуби единствениот меч на трева, подлога што е и на Вимблдон.

Во егзибициски меч во Англија пред две години Шаповалов победи со 7:6, 6:4, што му дава надеж дека може да се надева на сензација и на Вимблдон во полуфиналето против тенисерот што има шанса за хет-трик на гренслемот во Лондон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести