Да не им пропадне пијалакот за Мундијалот во Катар – „Бадвајзер“ ќе го чести светскиот првак пиво во вредност од 75 милиони долари

Навивачите и општо луѓето во земјата што ќе го освои пехарот на Мундијалот во Катар ќе добјат убаво изненадување од „Бадвајзер“, фирма за производство на пијалаци.

Тие ќе подарат огромни количини пиво во вредност од 75 милиони долари откако организаторот на Светското првенство, Катар, им забрани продажба на позиции што однапред беа договорени со нив и со ФИФА.

Светската куќа на фудбалот го поддржа Катар со забраната за продажба на алкохолот, иако претходно имаше склучено договор со „Бадвајзер“, па сега сигурно ќе добијат тужба од познатиот производител на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Во целиот хаос ќар ќе бидат луѓето што ќе ѝ се радуваат на популарната Божица, односно на пехарот наменет за светскиот првак, што ќе го залијат и со пиво од „Бадвајзер“ во вредност од 75 милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести