Го помина пола свет, на мечот стигна во 44 минута и на крајот успеа да дебитира за родната земја

Онел Ернандес е 28-годишен фудбалер кој засекогаш ќе го памти начинот на кој дебитираше во дресот на репрезентацијата на Куба. Играчот кој е роден на Куба, уште како дете со своето семејство избегал во Германија, а сега игра во Англија.

Во тинејџерските денови, Онел има и еден меч за младата репрезентација на Германија, но никогаш не заиграл во сениорскиот тим. Онел реши да го прифати повикот да заигра за родната Куба и тргна на долг пат од Англија.

Поради активност на еден вулкан, Онел остана заглавен на аеродром во Мексико, а потоа мораше директно да патува во Гватемала, каде играше Куба. Патешествието на Онел траеше многу долго, па не успеа да стигне ни на време за почеток на мечот.

На стадионот во Гватемала се појави пред крајот на првото полувреме, а веднаш потоа доби шанса и да заигра во вториот дел. За негова жал, Куба го загуби овој меч со 1:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести