Го понесе еуфоријата: ги победија Американците, па руски лизгач ги крена средните прсти

Рускиот натпреварувач во брзо лизгање Данил Алдошкин се најде во центарот на вниманието на Зимските олимписки игри со скандалозниот потег што го направи по победата на неговиот тим во тимска потера и победата против САД.

Русите во состав Захаров-Трофимов-Алдошкин поставија олимписки рекорд, стариот рекорд во оваа дисциплина го држеа Американците, па Алдошкин понесен од еуфоријата, прослави со кревање на средните прсти.

Подоцна Алдошкин се извини за непромислениот потег, а тимот на Олимпискиот комитет на Русија и покрај рекордот, не го освои златниот медал, туку беа втори зад Норвешка, која подоцна имаше уште подобро време од рускиот троец.

- Оглас -

Најнови вести