19.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Го повикаа поранешниот сопственик во ложата, па му порачаа дека не е добредојден

Лидс во петок го пречекува Вест хем во меч од Премиер лигата, а еден од поканетите да присуствува во ВИП ложата беше и поранешниот сопственик на клубот, Андреа Радрицани.

Тој го продаде клубот минатата година за 170 милиони фунти и ова за него требаше да биде прво појавување на „Еланд роуд“ откако си замина. Сепак, од раководството на Лидс ја повлекоа поканата и му порачаа дека не е добредојден.

Причината се неговите изјави во медиумите.

„Наскоро ќе дојдам да гледам натпревар. Ми недостасува тоа. Не сакав да дојдам додека бевме во Чемпионшип, бидејќи тоа би ме болело – но сега е време да се вратам. Во контакт сум со Параг (претседателот на Лидс)“ – гласеше изјавата на Радрицани која ги налути челниците на Лидс.

- Оглас -

Најнови вести