Интересна ситуација се случи на меч од мароканското првенство меѓу Дифа ел Жадиди и Раџа Казабланка, а во главна улога беше аутриктерот, односно еден од помошните судии.
Во текот на една акција, аутриктерот продре на теренот како крило, но потоа мораше да бега назад на своето природно место, крај аут-линијата.
the assistant referee thought himself a winger for a second from soccer
Ситуацијата е несекојдневна, но не му наштети на ниту еден тим. Фаворитот и еден од гигантите на мароканскиот фудбал, Раџа Казабланка славеше со 2:0 на гостински терен.