Го познавате ли детето? Повторно ќе навива за влез на Мајорка во прва лига (Видео)

Екипите на Депортиво Ла Коруња и Мајорка вечерва го играат првиот меч од баражот за влез во шпанската Примера, а по тој повод во шпанските медиуми потсетија на една стара снимка од пред 30 години, на која едно мало дете кое денеска е славен спортист, се радуваше на влезот на Мајорка во првата лига.

Дали и годинава Мајорка ќе влезе од втора во прва лига како во 1989 година, останува да се види. Инаку, детето кое се појавува на снимката е тенисерот Рафаел Надал, кој се најде во рацете на чичко му Мигел Анхел Надал, кој тогаш играше за Мајорка. Подоцна чичкото на Рафа премина во Барселона, а кариерата ја заврши во својата Мајорка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести