Го прашаа Де Лихт со кој бивш фудбалер би сакал да игра, одговори Меси! (Видео)

Холандскиот фудбалер Матајс Де Лихт, е мета на шеги по социјалните мрежи, откако на прашањето со кој поранешен играч би сакал да игра во ист тим, одговори Лионел Меси.

Овој гаф на Де Лихт не мина незабележано, многумина се чудат како играчот на Баерн заборави дека Меси уште е активен играч и настапува за Интер Мајами и аргентинската репрезентација.

Играчите на Баерн даваа различни одговори, Роналдињо и Зидан беа меѓу најпопуларните, а Де Лихт кој веројатно не го разбра прашањето, од поранешните фудбалери го избра Меси.

https://twitter.com/i/status/1707373679858815262

- Оглас -

Најнови вести