Мајкл Џордан и Скоти Пипен беше тандемот кој на Чикаго булс за осум години му донесе шест шампионски титули во НБА-лигата и од Биковите направија најпопуларен кошаркарски тим на светот во 90-тите.
Сепак, години подоцна, во документарниот филм „Последниот танц“, Џордан откри дека неговиот однос со Пипен всушност и не бил идеален. Пипен одговори дека Мајкл бил ужасен играч пред да станат соиграчи и дека долго време не зборуваат.
Работата дополнително се комплицира во последно време, кога синот на Џордан, Маркус, влезе во љубовна врска со Ларса Пипен, поранешната сопруга на Скоти. Маркус Џордан дури и планира да се ожени со Ларса.
Папараци го начекаа Мајкл Џордан во Париз и го прашаа дали ја одобрува врската на син му со Ларса. Џордан се насмеа, одмавнуваше со главата и кажа одлучно „Не“.
Michael Jordan doesn’t approve of his son dating Larsa Pippen pic.twitter.com/rALlRywf6B
— NBACentral (@TheNBACentral) July 3, 2023