Го прашаа Нејмар кој е најгрдиот со кој играл фудбал, а тој покажа кон ѕвездата на Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Нејмар даде интервју за бразилскиот медиум „Вива Спорт“, во кое одговараше на брзи прашања. Едно од нив беше да каже кој му бил „најгрд соиграч” во кариерата.

Тој ја одбра ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

„Играв со многу грди луѓе. Но, ако морам да одговорам, со должно почитување, Винисиус Жуниор. Жал ми е. Го сакам, но тој изгледа навистина смешно. Грдо и смешно”, се обиде да го објасни својот одговор бразилскиот офанзивец.

Нејмар (32) моментално игра за саудискиот клуб Ал-Хилал, а во кариерата играше и за Сантош, Барселона и за ПСЖ.

Сè уште го држи рекордот за најголем трансфер во историјата. Прејде од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести