Младиот македонски фудбалер Елиф Елмас е главна ѕвезда во турските медиуми во трансфер периодот, за играчот на Фенербахче секојдневно се пишува дека има понуди од многу клубови, но на адресата на Фенер, досега нема стигнато ниту една официјална понуда. Од клубот претходно кажаа дека за Елмас нема да прифатат понуда помала од 20 милиони евра.
Атлетико Мадрид, Интер, Наполи, Тотенхем, Зенит, се само дел од клубовите за кои се шпекулира дека сакаат да го донесат Елмас во своите редови. Кој и да сака да го купи Македонецот, ќе мора да плати 20 милиони како отштета. Досега никој од заинтересираните не испратил официјална понуда, па затоа неизвесноста каде Елиф ќе ја продолжи кариерата, ќе потрае уште некое време. Не е исклучено и да остане во истанбулскиот клуб, но мали се шансите за такво нешто, и пореално е Елмас да оди во некоја посилна лига.