Кога во 2016 година судот во Романија донесе одлука на Стеауа да ѝ се одземат грбот и името, поранешниот европски првак се преименува во ФЦСБ. Клубот кој сега се вика Стеауа игра во четвртата лига на Романија.
Добивањето на името на некогашниот европски првак не значеше и добри резултати за Стеауа. Втора сезона по ред клубот не успева да се избори за пласман еден ранг повисоко. Во мечот кој требаше да ги одведе во третата лига, Стеауа играше против Кармен и загуби со 0:1.
Овој пораз беше шокантен за навивачите, кои дојдоа во голем број верувајќи дека ќе се радуваат на успех на Стеауа. По поразот и пропуштената шанса за влез во третата лига, навивачите лути влетаа на теренот во обид да се пресметаат со фудбалерите.
Поголем дел од играчите избегаа, а оние коишто останаа на теренот, мораа да ги соблечат дресовите. Да биде потрагично, на Стеауа ѝ беше доволно да освои и бод, односно да не загуби, за да се радува, но не успеа и беше поразена со 1:0.
BREAKING NEWS: Major incidents after Steaua missed out on promotion from the Romanian 4th tier for the 2nd year in a row. Their fans weren't happy at all. pic.twitter.com/YBxGEIDPxi
— Emanuel Roşu (@Emishor) June 2, 2019
Коментарите се затворени.