Го продаде НБА клубот, а сега ги почести работниците со 35 милиони долари!

Долгогодишниот газда на НБА клубот Далас маверикс, Марк Кјубан го продаде доминантниот дел од акциите, а потоа направи гест со кој го воодушеви целиот свет. Акциите од Кјубан ги купи долгогодишната политичка активистка од Израел, Мириам Аделсон која има 78 години. Таа е петтата најбогата жена во светот.

За продажба на доминантниот дел од акциите, Кјубан заработи помеѓу 3,8 и 3,9 милијарди долари. Израелката Аделсон сега има 77 отсто од акциите на клубот, а останатите 23 отсто останаа кај Кјубан.

По успешната зделка Кјубан се одлучи на ретко виден потег. Тој реши на вработените во клубот да им исплати 35 милиони долари во вид на бонуси.

„Во знак на благодарност за вашата напорна работа со која направивме оваа организација да биде неверојатна, вкупно ќе ви бидат исплатени 35 милиони долари во знак на благодарност во вид на бонуси“, стои во пораката на Кјубан.

Секој вработен ќе заработи толку пари во зависност колку време бил во клубот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести