Едуардо Камавинга вечерва не тренираше со француската репрезентација поради болки во препоните и му создаде дополнителни главоболки на селекторот Дидие Дешамп, кој синоќа ја дозна лошата вест дека Мундијалот ќе го пропушти Карим Бензема.
Бензема и Камавинга се играчи на Реал Мадрид, а засега од француските Кралеви, подготвен и без повреди е само Орелиен Чуамени.
Камавинга изминатите денови беше во центарот на вниманието поради тоа што во дуел со него, се повреди Кристофер Нкунку, па Камавинга добиваше и расистички навреди по социјалните мрежи.
Средниот ред на Франција е осиромашен со отсуството на Н’голо Канте и Пол Погба, а ако и Камавинга отпадне, тоа би било нов минус за актуелниот светски првак.