Кристијан Ериксен како херој од сенка за Интер вчера со мајсторски слободен удар длабоко во судиското надополнување го реши дербито против Милан, што воедно за Нераѕурите значеше пласман во полуфиналето во Италијанскиот куп.
Неговото ремек-дело за 2-1 беше повеќе од доволно да го премисли тренерот Антонио Конте, односно да го натера да го задржи Данецот во екипата, иако клубот во изминатиов период се обидуваше да се ослободи од него.
„Цел месец зборувам дека ова е мојата екипа и ниту еден играч нема да си замине, а ниту ќе дојде друг. Со Ериксен работиме на тактички план да се адаптира бидејќи немаме друг играч како него. Тој е многу интелигентен, среќен е што е дел од овој проект. Навистина сакав тој да го шутира слободниот удар, мило ми е што даде гол. Се надевам дека овој гол ќе му помогне да биде повеќе одлучен во иднина бидејќи Кристијан е доста срамежлив и добар, можеби предобар“, посочи Конте.
https://www.youtube.com/watch?v=G4AvAHwCTB4