-4.2 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Го реши Интер, па испрати порака до Милан: Земете ме, сакам да играм во Лигата на шампионите! (Видео)

Никола Сансоне, фудбалерот на Болоња, кој со својот гол му донесе победа на својот тим против Интер, повеќе ги израдува навивачите на Милан бидејќи по овој кикс на Интер, Милан е на пол-позиција во трката за титулата во италијанската Серија А.

Јунакот на Болоња и на Милан по мечот испрати интересна порака до Росонерите.

„Се надевам дека Малдини или некој друг од клубот гледаше. Милан може да ми се заблагодари со тоа што ќе ме земе на позајмица, па и јас да играм во Лигата на шампионите“, се пошегува Сансоне, кој уште од дете е навивач на Милан, иако е роден во Минхен и фудбал почна да тренира во Баерн.

- Оглас -

Најнови вести