Го „реши“ Реал во финалето на Купот, па сега нема да игра на Ел Класико поради повреда

Фудбалерот кој го постигна победничкиот гол за Барселона во финалето од шпанскиот Куп против Реал Мадрид, Жул Кунде, се повреди на мечот против Интер во Лигата на шампионите и пред полувремето мораше да биде заменет.

Според првичните прогнози, тој ќе паузира околу три седмици, што би значело дека нема да игра не само на реваншот против Интер во Милано, туку и на првенственото Ел Класико против Реал Мадрид. Францускиот интернационалец има проблем со тетивата на коленото.

„Каталонците“ имаат предност од четири поени пред вечниот ривал, а според многумина дуелот на „Монжуик“ ќе го одлучи шампионот на Шпанија за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести