Го сакаа и почитуваа сите: На погребот на Берлускони беа жените, политичари, најважните фудбалски фаци од Италија (Фото)

Во катедралата во Милано се одржа државниот погреб по повод смртта на некогашниот италијански премиер и претседател на фудбалските клубови Милан и Монца, Силвио Берлускони.

Присутни беа многу претседатели на ривалски фудбалски клубови од Италија, што покажува колку и тие го почитуваа, тука беа и многу тренери кои работеа за газда Силвио.

На плоштадот околу катедралата имаше десетици илјади негови политички и спортски поддржувачи. Фановите на Милан, клубот кој најславните денови ги имаше кога на чело на клубот беше Берлускони, скандираа „Еден е претседателот“.

На погребот беа и познати политичари од Италија и светот, а и жените беа незаобиколен дел од неговиот бурен живот. Последната девојка на Берлускони, Марта, со солзи во очите се простуваше од својот сакан кој беше 53 години постар од неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести