Лионел Меси е фудбалски феномен што ретко се раѓа, а го сакале или не, фактите говорат дека е еден од најдобрите на сите времиња.
Вчера го доби признанието за играч на натпреварот во победата на Аргентина против Хрватска со 3:0 во полуфиналето на Мундијалот во Катар и тоа му е четврто на турнирот на вкупно шест меча.
И педантните аналитичари објавија фрапантен податок дека дури на 306 натпревари во кариерата во две децении бил прогласен за МВП на натпреварот, што е неверојатни 52 отсто од мечевите што ги одиграл.
Меси во Катар ќе бие завршна фудбалска битка за златната божица, единствениот значаен пехар што му недостасува, а може да биде и прв стрелец на турнирот.
Има постигнато пет гола, колку и Килијан Мбапе, а им бега на Алварес и на Жиру за еден погодок, па можеби финале меѓу Аргетина и Франција ќе ја решии таа непозната.
Вечерва од 20 часот актуелните светски прваци, Французите, ќе играат со Мароко во второто полуфинале на Мундијалот, што ќе заврши на 20 декември со мечот за титула.