Го совладаа емоциите: Дел Потро се расплака, а публиката во Буенос Аирес громогласно навиваше (ВИДЕО)

Хуан Мартин дел Потро и официјално стави крај на кариерата откако на последниот свој настап загуби од Федерико Делбонис со 1:6, 3:6 на АТП-турнирот Аргентина Опен.

Како што најави пред почетокот на натпреварувањето, аргентинскиот рекет сакаше да ја завшри кариерата на домашниот турнир бидејќи неговото тело не може да ги поднесе болките од коленото, поради што паузираше речиси три години.

На последниот сервис гејм во кариерата, популарниот Дел По се расплака, а публиката во Буенос Аирес навиваше громогласно, како за на фудбалски натпревар.

По крајот на средбата, марамата што ја носеше на главата, ја стави на мрежата, при што ја бакна.

- Оглас -

Најнови вести