Го сруши Ливерпул, па падна на колена и заплака (Видео)

Саутхемптон во претходните три и пол години кога и да играше против Ливерпул, на крајот губеше. Шест меча траеше низата на гигантот од „Енфилд роуд“, но синоќа беше прекината. Саутхемптон на својот стадион „Сент Мери“ минимално со 1:0 го победи Ливерпул.

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Дени Ингс, го постигна голот вреден победа на Саутхемптон, тим кој сега има 29 бода и е само на четири разлика од лидерот во Премиер лигата. Овој триумф на Саутхемптон посебно беше значаен за тренерот на домаќините Ралф Хазенхутл.

По последниот свиреж на судијата, Хазенхутл падна на колена и почна да плаче. Ова е првпат овој тренер да го победи Ливерпул и да го надмудри Јирген Клоп, па емоциите очигледно беа преголеми.

https://twitter.com/i/status/1346214803778510850

 

- Оглас -

Најнови вести