Се спаси во Чешка, го стигна казната во Белград – Станковиќ го царини Канга, му нареди да си ги пакува куферите

Гејлор Канга ќе мора да си замине од Црвена ѕвезда по инцидентот што го направи на аеродромот во Чешка, при гостувањето на „црвено-белите“ кај Либерец, на меч од Лигата на Европа.

Габонецот имаше чуден испад и се обиде да не им дозволи на цариниците да му го проверат куферот, а само големата толеранција на службите на аеродромот го спасија од казна.

Сепак, за него санкции ќе има, и тоа постфестум, а Дејан Станковиќ не толерира такво однесување, па одлучи да не го вклучи Канга во составот на Црвена ѕвезда за последните два меча.

Сега е сигурно дека Габонецот ќе мора и да си замине од Црвена ѕвезда и ќе пропушти да биде дел од спектаклот во двомечот со Милан, во нокаут-фазата во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести