Го суспендираа во 2019 година, денеска со гол ја најави големата олимписка победа против Аргентина (Видео)

Олимписката фудбалска селекција на Австралија приреди изненадување на стартот од турнирот во Токио со победа од 2:0 против Аргентина.

Иако Гаучосите беа фаворити, победија Австралијците со головите на Лахлан Велс во првото полувреме и на Марко Тилио во финишот на мечот.

Argentina 0 – [1] Australia | Lachlan Wales [Tokyo Olympics] from soccer

Велс, кој беше суспендиран и избркан од тимот во 2019 година по обвинувањето дека малтретирал жена со која имал интимни односи, сега беше еден од јунаците на победата.

Тилио е меѓу најмладите во составот на Австралија, а со голот во 80-тата минута ја запечати големата олимписка победа против Аргентина.

Гаучосите беа рангирани меѓу топ-фаворитите за олимписко злато, но потфрлија веднаш на стартот од турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести