Лидс немаше шанси да се спротистави на расположениот Арсенал, па гостите од Лондон синоќа се радуваа на убедлива победа од 4:1. Освен петте погодоци, од „Еланд роуд“ пристигнува и една интересна приказна поврзана со трибините.
Во текот на мечот, од клупата на Арсенал стигна пријава до четвртиот судија дека некој од трибините навредува дел од гостинските фудбалери на расна основа. Судиите веднаш реагираа кај полицајците кои беа на стадионот, па навивачот кој навредуваше на расна основа веднаш беше пронајден.
Од Лис потврдија дека имало таков инцидент, но дека целиот проблем е решен, а навивачот ќе зажали за својата постапка.
„Расизамот никогаш не бил толериран во Лидс јунајтед, па затоа кој и да е навивач, доколку користи расистички навреди, ќе добие доживотна забрана за влез на стадионот на нашите натпревари“, стои во соопштението на клубот Лидс јунајтед.