Го удри соиграчот со глава, па доби повратна (Видео)

Зенит го доби руското дерби против Спартак Москва минимално со 1:0, а покрај погодокот, главен момент на мечот беше инцидентот во кој учествуваа двајца гостински играчи. Јано Ананидзе и Лоренцо Малгарехо за малку ќе се испотепаа на теренот.

Најверојатно незадоволен од играта на својот соиграч, Ананидзе најпрво започна да се расправа со Малгарехо, а потоа дојде до него и го удри со глава. Ниту Малгарехо не сакаше да остане покусо па веднаш сакаше да му врати на Јано.

За среќа на двајцата ратоборни фудбалери, судијата реши да не ги казни.

 

- Оглас -

Најнови вести